На 12.10.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачка патека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од С.К.(53) од Скопје, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Текстот Тешко повреден скопјанец, со тротинет удрил во пешак е превземен од МАКФАКС.