Вчера околу 13 часот во СВР Скопје e пријавено дека на крстосницата од ул.„5“ со сервисна улица во с.Визбегово, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(45) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од М.С.(42) од с.Батинци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Текстот Тешко повреден маж по судир меѓу возило и мопед е превземен од МАКФАКС.