Уште една лоша партија за Манчестер Јунајтед, англиските медиуми жестоко критикуваат, социјалните мрежи се преполни со гневни и разочарани навивачи, а Ерик Тен Хаг мирно вели: „Судете ни на крајот од сезоната“
Тешките времиња за Манчестер јунајтед и нивниот тренер Ерик тен Хаг продолжуваат, но холандскиот стручњак се уште не размислува да се повлече од функцијата.
Славниот англиски клуб му гостуваше на Порто во второто коло од Лигата на Европа, имаше предност од 2:0, а потоа во 91. минута успеа да освои бод со играч помалку.
Ова беше четврти натпревар по ред во кој клубот од „Олд Трафорд“ не успева да победи, (три нерешени и еден пораз), но во статистичка смисла за „црвените ѓаволи“ поразителен е уште еден податок.
Имено, Јунајтед има примено три или повеќе гола во 24 натпревари откако ги предводи Тен Хаг, што е најмногу од сите тимови во Премиер лигата.
„Не мислам дека одигравме лош натпревар. Сметам дека втората третина од дуелот не беше добра, но почетокот и крајот беа многу добри. Водевме, на крајот успеавме да изедначиме и тоа е добро за моралот на екипата. Играчите на теренот го прават она што треба, се борат, јас сум задоволен како сето тоа изгледа“, рече Тен хаг.
Последната победа Манчестер јунајтед ја имаше на 17 септември кога убедливо го совлада Барнли со 7:0 во Лига купот, а оттогаш ремизираше со Кристал Палас без голови, одигра 1:1 против Твенте во Лигата на Европа и доживеа убедлив пораз од Тотенхем со 0:3.
„Линијата се повлекува на крајот од сезоната и тогаш можете да ни судите. Продолжуваме да се бориме, убедени сме дека тоа што го правиме е добро и атмосферата во тимот е добра. Само треба малку да ја подобриме одбраната ќе биде како што треба“, изјави холандскиот тренер.
Тимот од „Олд Трафорд“ во недела на 6 октомври, во Премиер лигата ќе гостува во Бормингем кај Астон Вила.
Текстот Тен Хаг: Судете ни на крајот од сезоната е превземен од МАКФАКС.