Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг повторно имаше оправдувања за неуспехот на неговиот тим во Премиер лигата.
Јунајтед вчера беше поразен од Вест Хем во Лондон со 2:1. Ова е четврти пораз за тимот на Тен Хаг во Премиер лигата и со 11 бодови тимот се наоѓа на скромното 14. место на табелата.
Ерик тен Хаг повторно и повторно наоѓа изговори, создава одредена слика со изјави кои не се совпаѓаат со реалноста.
„Мислам дека игравме добар фудбал против Вест Хем. Во првиот час беше навистина забавно да се гледа нашиот тим. Толку динамичен, толку многу варијации, креативност, шанси… Единственото нешто што ни недостигаше беше да бидеме убиствени пред голот“, рече Тен Хаг.
Текстот Тен Хаг: Бевме добри, требаше само да бидеме ефикасни е превземен од МАКФАКС.