Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, Работнички, доживеа дебакл на гостувањето во „Јане Сандански“ на гости кај Феникс, во меч од 13. коло на домашното првенство. Феникс славеше со 102:51, што е историска победа за домаќините, но и тежок дебакл на Работнички кој ваков пораз нема доживеано.
Најдобар кај Феникс беше новото засилување Бојан Трајковски со 17 поени, пред Митревски, Морган и Михајловски кои имаа по 13 поени. Кај Работнички, Какруки постигна 13, а Величковски уфрли уште 12 поени.
Феникс со овој триумф останува во борбата за влез во Суперлигата и има скор 7-6, исто колку што има и Работнички.