Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халaнд, го барат голем број големи европски клубови, поради ослободителната клаузула од 68 милиони фунти, што беше активирана во договорот што го потпиша кога тој дојде во Борусија Дортмунд од Ред Бул Салцбург, во 2020 година.
Според „Football Insider“, Манчестер Сити води во трката за 21-годишниот фудбалер, благодарение на таткото на Халанд, кој беше поранешен играч на „Граѓаните“.
Според извештајот, 49-годишниот, кој помина три години во Манчестер, побарал од својот син да се приклучи на шампионите во Премиер лигата пред другите големи тимови. Сити и тренерот Пеп Гвардиола веќе подолго време имаат за цел да ангажираат квалитативен центарфор, откако летово не успеаја да го доведат Хари Кејн од Тотенхем.
И покрај тоа што пропушти голем број натпревари поради повреда оваа сезона, Халанд постигна 16 првенствени голови во само 14 натпревари во Бундеслигата.