Јаболката ќе бидат чест дел од рецептите кои ви ги препорачуваме, особено затоа што во овој период нивниот вкус е најдобар и ги има најмногу. Сортите можете да ги избирате по сопствениот вкус.

Потребни состојки:

Еден блок лиснато тесто
1,5 кг јаболка
Ванила
Шеќер
Слатка павлака

Подготовка:

Многу е едноставно – во калап за печење ставете го претходно рассуканото тесто. Отстранете ги краевите и избоцкајте со вилушка.

Излупените јаболка исечете ги на тенки парчиња и редете ги врз тестото. Најубаво изгледа кога се наредени кружно. Измешајте ја ванилата со шеќерот и ставете врз јаболката. Прелијте со малку слатка павлака.

Печете 15 минути на 210 степени, па намалете на 180 степени и печете уште половина час. Пред крајот ставете уште малку слатка павлака и допечете го колачот.