Поранешниот спортски директор на Јувентус, Фабио Паратичи ја отслужува забрана за работа во фудбалот до јуни 2025 година. Како директор на клубот од Торино, тој беше посочен како виновник, заедно со Андреа Ањели и Павел Недвед, за финансиските прекршувања на црно-белите. За ова доби 30-месечна забрана за работа.

Во времето кога беше казнет, тој беше директор на Тотенхем, кој веднаш го отпушти. Сега италијанските медиуми пренесуваат дека тој е блиску до нов ангажман.

Имено, како што пишуваат „Ла Стампа“ и „Ла република“, сопственивците на Милан сакаат Паратичаи да го замени Габриел Монкада на функциите спортски директор на клубот и шеф на техничкиот оддел.

Милан има големи проблеми на тој дел откако си замина Паоло Малдини, а навивачите се незадоволни од тоа како изгледа тимот и резултатите што ги бележи.

Планот е тој да потпише договор кога ќе му истече суспензијата во текот на летото, но не е исклучено и порано да му се приклучи на клубот, бидејќи во условите на суспензијата стои дека може да извршува некои функции од пониско ниво во фудбалот додека трае казната.

Паратичи беше во Јувентус од 2010 до 2021 година, а претходно шест години беше главен скаут во Сампдорија.

Текстот Суспендираниот челник на Јувентус се враќа во Серија А, ќе потпише за големиот ривал е превземен од МАКФАКС.