Судот за спортска арбитража во Лозана ја одби жалбата на Барселона на казната изречена од УЕФА.
Станува збор за казна од 500.000 евра која Каталонците ќе треба да ја платат поради прекршување на правилата за Финансиски фер-плеј.
Барселона поднесе жалба во јануари, но судот сега ја отфрли жалбата.
УЕФА го казни шпанскиот клуб поради лажни извештаи за 2022 година.
Интересно е што во образложеното решение судот навел дека „во конкретните околности на овој случај глобата од 500.000 е блага“.
Исто така, се додава дека „помалата казна нема да биде доволно силна за да спречи голем клуб како Барселона намерно да пријави неточен извештај во иднина“.
Како и да е, пресудата дополнително ја усложнува финансиската состојба на клубот кој веќе подолго време е во тешкотии.
Текстот Судот ја одби жалбата на Барселона, останува казната од половина милион евра е превземен од МАКФАКС.