Сите како да сакаат и да заборават на новиот спортско-рекреативен центар на вештачкото езеро, до каде е направена и патната инфраструктура. Тоа е одлично место за рекреација како за младите, така и за возрасните, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп, Горан Сугаревски на дебатата на ТВ24.
Според него, стадионот во градот е комплетно сработен, а претходно беше руина оставена од режимот.
Според него треба да се постави жичана ограда кај депонијата, која, како што вели Сугарески, противниците од ВМРО-ДПМНЕ континуирано ја искористувале во кампањата, но не решиле ништо.
Тој дополни дека во моментов се води постапка и за преземањето на Универзалната сала од страна на општината, што укажува на фактот дека се вложува во спортот и младината.