Членот на Вардар, Стојанче Стоилов испиша нова страница во историјата на македонскиот ракомет со вчерашниот настап против Словенија на Европското првенство.
Кружниот напаѓач дојде до бројката од 29 натпревари на европските шампионати со што стана играч со најмногу одиграни мечеви за Македонија на оваа сцена. Тој досега беше израмент со голманот Борко Ристовски и крилото Дејан Манасков (28), меѓутоа сега изби сам на врвот и ги остави зад себе сонародниците.
Кога е во прашање Топ 5 тука се уште Кире Лазаров (27), Филип Миркуловски (26) и Ацо Јоновски (25).
Само за потсетување Македонија денеска одмара на ЕП, а веќе утре од 18 часот ќе се соочи со Црна Гора.