САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ, изјавија од Стејт департментот откако бугарска делегација предводена од премиерот Кирил Петков во Битола присуствуваше на отворањето на културен клуб со името на соработник на фашистичкиот режим „Ванчо Михајлов“.

Advertisements

Изјавата беше даден по прашање од МИА како САД реагираат на постапката на бугарската делагација предоводена од Петков на отварањето на културен центар именуван по контраверзна личност која соработувала со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна, што не е во прилог на решавањето на тековните проблеми меѓу С Македонија и Бугарија.  

– САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ, изјави портпарол на Стејт департментот.

Слично денеска изјави и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан. Во телефонски разговор со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, Ескобар ја истакна од потребата за што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји и старт на преговорите со ЕУ.

Прикажи повеќе