Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека страдањето и гладот што се случуваат во Газа се „неопислива и неоправдана“ хуманитарна катастрофа.
Во писмена изјава, Стармер го повика Израел итно да дозволи помош да влезе во палестинската енклава, објави Ројтерс.
„Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи и неоправдани. Иако ситуацијата е сериозна веќе некое време, таа достигна нови длабочини и продолжува да се влошува. Сведоци сме на хуманитарна катастрофа“, рече Стармер.
Британскиот премиер изјави дека денес ќе одржи итен телефонски разговор со своите француски и германски партнери, за да разговараат што може да се направи за „да се запре убивањето и да им се обезбеди на луѓето храна што им е очајно потребна“, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Текстот Стармер: Страдањето и гладот што се случуваат во Газа се неописливи е превземен од МАКФАКС.