Нашите предци почитувале одредени обичаи, а кога се во прашање парите – верувале дека тие носат финансиска стабилност и привлекуваат просперитет.
Односот кон парите директно влијае на вашата финансиска состојба, мислеле нашите предци кои никогаш не го држеле паричникот празен.
Така во паричникот секогаш ја чувале првата банкнота што ја заработиле или парите што им ги дал некој што го сметале за добар човек. Оваа банкнота или монета се смета за еден вид талисман на финансиска сигурност.
Како да ја привлечете енергијата на парите?
Веројатно затоа и денес се негува обичајот кога некому ќе подарите паричник тој да не биде празен. Многумина дури чувале хартиена банкнота со најмала деноминација во скриена преграда – мислеле дека тој што го направил тоа подобро управува со парите.
Кој ден е најдобро да побарате покачување?
Додека во модерното време се прават различни истражувања за тоа како газдите „дишат“ во текот на неделата, па се покажа дека четврток е идеален ден да се побара покачување бидејќи претпоставените се „поблаги“ тој ден затоа што психички се подготвуваат за претстојниот викенд, додека пак нашите постари веруваат дека среда наутро е најдобро време за тоа.
Од друга страна, се верува дека сите трансакции што ги правите навечер доведуваат до пропаст, а парите не се позајмуваат во вторник. Освен пари, не е добро да позајмувате ниту леб, ниту сол, бидејќи се сметало дека финансиската сигурност ќе ви го напушти домот.
За парите да ви ја „сакаат“ куќата и буквално да ви се залепат, на денот на исплата на платата не треба да земате денар од вашата сметка. Целата плата треба да преноќи во вашиот дом, што би значело на вашата сметка во денешно време.