Нема место за оружје и за трупање на безбедносни сили на европскиот континент, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика, Петер Стано, во одговор на новинарско прашање, поврзано со распоредувањето дополнителни српски безбедносни сили на границата со Косово.
Тој додаде дека Европската Унија разговара со своите сојузници и партнери, вклучително и со ОН, за деескалација на состојбата во северно Косово, и поврзано со тоа и за распоредувањето на српски сили на административна границата кон Косово, што предизвикува сериозна загриженост во Унијата, која бара нивно повлекување.
– Прв приоритет е деескалација и стабилизација на безбедносната состојба, потенцира Стано, додавајќи два настани од изминативе денови предизвикуваат сериозна загриженост во ЕУ, а тоа е терористичкиот напад врз косовската полиција и откривањето големо количество оружје во северно Косово.