Македонскиот репрезентативец, Ставре Јада во конкуренција на 90 натпреварувачи од кои 88 настапија во квалификациите во Крос-кантри спринтот на 1,5 километри го освои 86 место.
Јада во квалификациите оствари време од 1:34:8 што беше доволно за да има подобар резултат од Тавк од Либан и Кинтана од Колумбија.
-Во останатиот период тој ќе продолжи да се подготвува за неговата втора и последна трка, која на програмата на ЗОИ е на 19-ти февруари, посочија од МОК.