Српската пејачка Марија Шерифовиќ објави анкета во својот Инстаграм, поврзана со воспитувањето, која ја подели публиката. Марија стана мајка на Марио кон крајот на 2023 година и оттогаш споделува моменти со него на социјалните мрежи.

Овој пат, таа се осврна на контроверзна тема која некои не ја поддржаа.

„Да ја започнеме неделата со малку балканска анкета за родители: Дали тепањето дојде од рајот?“, ги праша таа своите обожаватели.

Дури 68 проценти од луѓето се согласија со изјавата, а 32 проценти веруваат дека физичкото казнување не е исправно во воспитувањето деца.

По анкетата, Марија објави видео наречено „Непопуларна психологија: љубов, образование, цврста рака и карактер“. Во видеото се споменува дека во модерното време има премногу грижа за правата на децата и дека улогата на таткото ја изгубила својата важност.

фото: принтскрин

Текстот Српската пејачка ги изненади обожавателите со прашање за воспитувањето деца: Дали тепањето дојде од рајот? е превземен од МАКФАКС.