Иванка Трамп и Џаред Кушнер пристигнаа во сончевата Венеција претходно оваа недела за свадбата на годината – Лорен Санчез ќе се омажи за основачот на Амазон, Џеф Безос, во италијанскиот град овие денови. Двојката организираше повеќедневна прослава полна со гламур за познати гости, семејство и пријатели.
Во вторникот, Иванка беше видена како се качува во водено такси со Џаред и нивните три деца – Арабела, Џозеф и Теодор – според People. За таа пригода, таа избра шик, координиран фустан од брендот La DoubleJ.
Се состои од краток топ и здолниште до колена во А-крој, во крем боја со впечатлив црвен геометриски и цветен вез, што му дава на целиот фустан доза на луксузна летна елеганција.
Горниот дел се продава за 390 евра, додека здолништето чини 450 евра.
Изгледот го комплетираше со едноставни, но ефективни модни додатоци: црни очила за сонце и торба, совршени за летните температури. Косата ја врза во елегантна пунџа – практично решение за борба против жештината.
Комбинацијата што ја носеше е мешавина од елеганција и опуштен летен стил, идеална за прошетка низ градот, ручек на тераса или вечерни собири покрај море.
Текстот Со шик изглед, Иванка Трамп заблеска во Венеција е превземен од МАКФАКС.