Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (18 часот) комплетна ќе настапи против Словенија во првиот натпревар од Европското првенство.
Последните задолжителни тестирања за коронавирус според протоколите на ЕХФ се одржаа вчера вечерта и сите ракометари се негативни.
„Добра вест, сите тестови од вчерашниот ден се негативни“, информираа од репрезентацијата.
Пред тргнување за Дебрецин каде Македонија ќе ги игра натпреварите од групата А против Словенија, Црна Гора и Данска, имаше четири позитивни ракомерати, и тоа Марко Кизиќ, Никола Митревски, Гоце Ојлевски и Михајло Младеновиќ поради што селекторот Кирил Лазаров дополнително ги повика голманите Градимир Чаневски и Благојче Трајковски.