Родители реагираат дека нема термини за ортопед за деца. Некои од нив тврдат дека со месеци чекаат термин. Велат дека губат време и пари во обидите да обезбедат здравствена заштита на своите деца.

Согласно закoнските измени, се направиле и измени во подзаконскиот акт кој ја регулира оваа проблематика, Правилникот за индикациите за остварување право на ортопедски и други помагала, објавен во Службен весник на РСМ бр.31 од 10.02.2020 година.

Член 11 а од Правилникот гласи: Осигуреното лице кое остварило право на ортопедско и друго помагало според индикациите утврдени со овој Правилник, може да ја доплати разликата од утврдената референтна цена од страна на Фондот до набавната цена, ако бара подигање на помагало изработено од надстандарден материјал”. Правното лице од каде што е подигнато помагалото, дополнително доставува до Фондот и потврда за подигање на помагало од надстандарден материјал (образец ПНП) и изјава од осигуреното лице или друго лице (образец ИНП), кои се составен дел на Правилникот. Во двете потврди осигуреното лице е согласно да подигне помагало од надстандарден материјал и да ја доплати разликата од утврдената референтна цена. Секако осигуреното лице мора да биде информирано, да знае дека има таква можност, лицето да побара и  да се согласи да подигне ортопедско помагало од надстандарден материјал со доплата на разликата во цената, појаснуваат од ФЗО.

Оттаму нагласуваат дека правното лице не смее да нуди стандардно ортопедско помагало по цена повисока од референтната цена, утврдена од страна на Фондот.

Оваа измена не е новина туку датира од 2019 година. Улогата на ортопедот е, кога ќе констатира потреба од ортопедско помагало, да го препише видот на ортопедското помагало и да го упати осигуреникот да го подигне во ортопедската куќа, однсоно правното лице, подвлекуваат од Фондот за здравствено осигурување.

Извор: МИА

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.