
Министрите за надворешни работи на Европската унија денеска и утре ќе одржат неформален состанок во францускиот град Брест.
„Француското претседателство со Советот на ЕУ и високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел одлучија средбата во Брест да ја посветат на главните теми за афирмирање на суверенитетот на Европа на меѓународната сцена – Стратешкиот компас за суверена Европа, односите со Кина, ситуацијата во Украина и Белорусија и партнерството со Африканската унија“, се вели во соопштението на француското претседателство со ЕУ.