Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе гласа за предлогот на САД за заострување на санкциите кон Северна Кореја.
Сакаат да се заострат санкциите поради лансирањето балистички ракети, но Кина, која има право на вето, соопшти дека резолуцијата нема да реши никакви проблеми.
Гласањето ќе се одржи еден ден откако Пјонгјанг истрела три проектили, вклучително и една за која се верува дека е најголемата интерконтинентална балистичка ракета, потсетува „Ројтерс“.
Ова е само последната во серијата балистички ракети истрелани оваа година од севернокорејскиот полуостров, што беше забрането од Советот за безбедност.
Нацрт-резолуцијата „дополнително ќе ја ограничи способноста на Северна Кореја да развива нелегално оружје за масовно уништување и програми за балистички ракети, ќе ги поедностави санкциите и ќе помогне во испораката на хуманитарна помош до оние на кои им е потребна“, рече американскиот функционер.
Кина и Русија претходно повикаа на олеснување на санкциите кон Пјонгјанг од хуманитарни причини.
За да се усвои резолуцијата потребни се девет гласа „за“, а Франција, Русија, Кина, Велика Британија и САД да не стават вето.