реклама
Во мај се очекува да се отвори киното во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека во тек се завршните подготовки и уреден е внатрешниот дел.
– Во завршна фаза се подготовките, веќе внатрешниот дел е уреден, поставена е целата внатрешна опрема. Во наредните денови очекувам да се заврши и надворешниот дел затоа што со операторот кој ќе работи со кино салата и тие веќе влегуваат во завршна фаза. Дефинитивно месец мај ќе биде месец во кој ќе се завршат овие подготвителни активности. Имаше проблем во издавањето на дозволата за реконструкција, преадаптација на салата, но дефинитивно ако 20 години сме чекале за кино сала, овој месец два кој се пролонгира, не е проблем и Штип ќе добие кино сала, вели Јорданов.
реклама
Надлежноста за киното е на операторот, со кој Општината има склучено договор. Јорданов вели дека од нива страна е само поддршката и обезбедениот простор во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“.
– Според договорот операторот е задолжен за управување со просторот и за управување со самото кино, така е дефинирано во договорот, додаде Јорданов.
реклама
Кино сала во Штип нема веќе две децении, а штипјани за да гледаат филм мора да одат во соседните градови.
реклама