Торта со супериорен вкус, која се топи во устата

СОСТОЈКИ:

1 јајце
100 гр шеќер
1 ванилин шеќер
150 мл млеко
50 мл масло
4 супени лажици џем
230 гр брашно
1 прашок за пециво

За прелив:

1 литар млеко
4 лажици шеќер + 1 лажица шеќер во прав
1 лажица екстракт од ваила
4 пудинг од ванила
200 гр путер
100 гр печени сечкани ореви

Подготовка:

Прво го правиме филот:

Во млекото ставете шеќер и ванила и сварете го пудингот. Покријте со фолија да се излади целосно. Изматете го путерот со 1 лажица шеќер во прав и соединете го со изладениот пудинг. Додадете половина од печените сечкани ореви

Кора:

Во сад со миксер се мати јајцето со шеќерот, се додава ванилата, млекото, маслото, џемот, брашното со прашокот за пециво и се меша.

Истурете во голем плех обложен со хартија за печење. Се пече на 200 степени. Да се ​​олади. Се сече на три ленти. Премачкајте ја секоја лента со филот и завиткајте ја во ролна. Следнната повторно премачкајте ја и продолжете да виткате во круг.

Премачкајте со остатокот од филот и посипете со остатокот од печените ореви. лешници или несолени кикирики. Оставете еден ден во фрижидер да впие.