Најдобрата македонска судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов повторно добија задача да судат на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Унгарија и Словачка.
Начевски и Николов ја добија довербата од ЕХФ за мечот од втората рунда меѓу светскиот првак Данска и дебитантот во оваа фаза Холандија.
За македонската судиска двојка ова ќе биде четврти натпревар на ЕП 2022. Дуелот меѓу Данска и Холандија се игра утре (понеделник) од 18:00 часот.