Следниот период ќе биде одбележан со турбуленции. Полната месечина ја започнува последната сезона на затемнување оваа година на 19 ноември кога влегува во знакот Бик. Во астрологијата, полната месечина означува емотивно напнато време и сигнализира дека е време да се посветиме на најитните задачи и идеи. Затемнувањето на Месечината додава масло на огнот, поттикнувајќи минливи промени во нашите секојдневни рутини.
Бидејќи Бикот е фиксен знак кој копнее за стабилност, замислете каков ќе биде судирот на енергија и вибрации. Но, не дозволувајте промените да ве исплашат. Промените се добри затоа што се таму за да ве извлечат од вашиот заштитен оклоп во кој сте вгнездени.
Иако затемнувањето на Месечината ги погодува сите, четирите знаци од зодијакот најмногу ќе бидат погодени од оваа појава.
БИК
Како фиксен знак, не ви се допаѓаат премногу промени бидејќи тие излегуваат од вашата комфорна зона. Бикот може да очекува да бидат истакнати неговите најголеми предизвици и стравови. Исто така, сите ваши успеси ќе дојдат до израз. Размислете за сликата и говорот на вашето тело, за сето она што го сочинува вашиот идентитет, како и за новите перспективи што се отворија од неодамнешните пречки на кои наидовте.
ЛАВ
Ова затемнување ќе влијае на вашиот јавен живот, оставајќи ве особено изложени и ранливи. Може да почувствувате зголемен притисок на работа или во општествениот живот да се однесувате на одреден начин или да одговарате на очекувањата на другите. Внимавајте да не изгорите во сите овие аспирации. Искористете го ова време за да пронајдете цврста основа во себе и обидете се што помалку да се потпирате на другите.
СКОРПИЈА
Вашите односи со другите се во центарот на вниманието за време на ова затемнување. Важно е длабоко да размислите за нив и директно да се соочите со она што е лошо за вас или ве повредува. Од друга страна, игнорирањето само ќе го зголеми вашето страдање. Искористете го овој период за себе и вашите искуства и осигурајте ја поддршката од другите за она што ви е особено важно.
ВОДОЛИЈА
Можеби ќе се чувствувате крајно сентиментално во овој период додека откривате некои работи од вашето минато. Полната месечина се вселува во вашиот дом, куќа и приватен живот, охрабрувајќи ве да го исчистите вашето светилиште – буквално и преносно. Време е да се посветите додека преминувате во нова фаза од животот и ослободувате се што е негативно.