Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо следната година во својата програма ќе имаат нов спорт – скимо.
Скимо е ски планинарење, а комбинира скијање по угорнини и спуст, како и користење врвни планинарски вештини за искачување на ледените падини.
Има различни должини на трки, од кратки спринтови до оние кои можат да траат до два часа и да вклучуваат повеќе од 1.500 метри качување.
Вкупно 18 мажи и 18 жени ќе се натпреваруваат во поединечни трки и во мешана штафета.
Спринт трките вообичаено траат само три минути за мажи и четири минути за жени и се состојат од скијање на нагорнина, дел за качување и спуштање околу портите на трката. Натпреварувачите можат да се искачат до 250 вертикални стапки.
Скимо натпреварувачите користат специјална „кожа“ што ја ставаат на долниот дел од скиите за да спречат лизгање за време на искачувањата. Нивните скии се слични на оние за нордиско скијање, малку се полесни од скиите за спуст и имаат подвижни врзиви кои овозможуваат правилно движење на зглобовите.
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина почнуваат за точно една година, а во текот на нивното времетраење ќе бидат доделени вкупно 116 комплети медали во 16 дисциплини. Свеченото отворање ќе се одржи во Верона, додека скијачките натпревари ќе се одржат во Бормио.
Текстот Скимо најновиот спорт на Зимските олимписки игри е превземен од МАКФАКС.