Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Секако дека има политички притисок врз Унгарија, тие сакаат да ја прекинеме енергетската соработка со Русија“, рече Сијарто на пленарната седница на Меѓународниот форум за гас во Санкт Петербург.

Тој додаде дека одржувањето на енергетското партнерство со Москва е во интерес на Будимпешта.

Текстот Сијарто: Унгарија е под притисок поради енергетската соработка со Русија е превземен од МАКФАКС.