реклама

„Сините знамиња“ знак на одличен квалитет, оваа година ќе се веат на 617 грчки плажи, 36 повеќе од лани, на 18 марини и шест туристички јахти, кои добија награда за квалитетот на водата за пливање, заштитата на животната средина, организацијата и безбедноста на посетителите и ја задржаа Грција на втората позиција меѓу 52 земји од целиот свет, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и организацијата која управува со меѓународната програма „Сино знаме“, соопшти дека прв пат оваа година бројот на наградени плажи надминува 600, со оглед на тоа што лани беа 581.

реклама

Од вкупно 52 земји учеснички во програмата, Грција има 15 отсто од наградените плажи, а и оваа година, регионот на Халкидики е прв во земјата по бројот на вкупни награди, со 94 знамиња, а на второ место е островот Родос 57 наградени плажи.

Во програмата право на учество имаат организирани плажи, марини и јахти, а за да се добие наградата потребно е да се исполнат строги критериуми што се однесуваат на квалитетот на водата, безбедноста на посетителите, квалитетот на услуги, заштита на животната средина итн.

реклама

Оваа година, Меѓународниот комитет наградил 4.212 плажи, 710 марини и 120 туристички јахти од целиот свет, а според наградите, на прво место е Шпанија, втора е Грција, а трета Турција. с

реклама