Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, ги оцени шансите на неговиот тим да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, откако синоќа беше поразен од Милан (0:1) во натпреварот од 5. коло од групната фаза на турнирот.
– Јас сум повеќе од оптимист. Нашите играчи направија се што е во нивна моќ, нема за што да им замерам. Добро работевме во одбраната. Ниту ние, ниту Милан немавме шанси за гол. Во вториот дел Милан имаше поголем посед на топката и беше подобар во детали. Во Лигата на шампионите секој натпревар е тежок. Секогаш сум оптимист. Атлетико ќе се бори во последниот натпревар во групата. Ова натпреварување никому не простува, во плејофот влегуваат само оние кои заслужуваат, изјави Симеоне за „Марка“.
Атлетико е трет во групата Х со четири бода од пет натпревари. Во последното коло мадриѓаните ќе играат против Порто кој е второпласиран со пет бода.
Пласман во осминафиналето веќе обезбеди Ливерпул, а шанси да ја помине групата има и Милан кој собра четири бода.