Најмалку 300 луѓе загинаа, а над 150 се повредени по силниот земјотрес што го погоди централно Мароко. Според сеизмичките информации земјотресот со јачина од 6,8 рихтерови степени го стресе Маракеш во 23 часот по локално време, но по 19 минути се почувствувал уште еден силен афтер шок, што натера стотици луѓе панично да истрчаат на улиците од градот, но и во другите околни градови. Земјотресот бил со реалитавно мала длабочина од 74 км југозападно од Маракеш, во планинската област, но првите слики на урнатини покажуваат дека има сериозна штета и во главниот град.
Според властите, најмногу од загинатите се во тешко достапните планински села. Урнати се куќи. Се претпоставува дека под урнатините има затрупано луѓе, поради што се очекува бројката на загинати да расте.
Се стравува дека меѓу затрупаните има туристи.
Сеизмолозите велат дека ова е најсилниот земјотрес кој ја погодил оваа држава во изминатите сто години.