![](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2022/04/szo-780x470-png-1.jpg)
Комитетот на Светската здравствена организација за вонредни прашања едногласно оцени дека не е време да се „спушти гардот“ пред пандемијата на ковид-19, изјави претседателот на Комитетот, Дидие Хусин, наведувајќи дека ситуацијата со пандемијата Ковид-19 е далеку од завршена“.
„Беше констатирано дека ситуацијата со пандемијата Ковид-19 е далеку од завршена: циркулацијата на вирусот е сè уште многу активна, смртноста е сè уште висока и вирусот се развива на непредвидлив начин“, рече Усен.