Во Онколошкиот институт во Љубљана е опериран пациент на кој му е отстранет стомак поради дијагнозата на рак на тој орган. Подоцна се покажало дека операцијата била направена на погрешна личност и дека човекот кој бил опериран немал рак.
N1 Словенија известува дека маж на кој му бил дијагностициран рак на желудникот бил опериран на Институтот за онкологија. Неколку месеци подоцна, на пациентот му се јавиле дека дошло до мешање и дека по грешка му го извадиле органот.
Грешката, наводно, настанала затоа што надворешен дијагностичар сменил примероци од ткиво од двајца пациенти, што довело до операција на погрешен пациент. Засега не е познато што се случило со пациентот кој навистина има рак на желудникот.
Од Институтот за онкологија не сакаа да коментираат за настанатата грешка, туку само најавија дека повеќе информации претставници на медицинскиот центар Барсос, Институтот за патологија на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и Институтот за онкологија од Љубљана ќе дадат повеќе информации на прес-конференција.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.