Фудбалскиот клуб Џенова е ставен на продажба, објави извршниот директор Андрес Бласкез.
Членот на Серија А е во сопственост на американски инвеститори (групата 777 Пантерс), тие го купија клубот пред три години и го вратија во елитните редови по испаѓањето во Серија Б.
Бласкез не можеше да им вети на навивачите дека нема да има продажба на играчи, но тврди дека клубот ќе остане финансиски стабилен и покрај промената на сопственичката структура.
Џенова е основана во 1893 година и е најстариот клуб во Италија кој сè уште постои. Во текот на нивната долга историја девет пати биле шампиони, а последен пат пред точно 100 години.
Сезонава под палката на Алберто Џилардин се на 17. место во Серија А.
Текстот Се продава најстариот фудбалски клуб во Италија е превземен од МАКФАКС.