реклама

Поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн во саботата на приватна церемонија се омажи за својот долгогодишен партнер Кларк Гејфорд.

Ардерн (43) и Гејфорд (47) се верија во мај 2019 година и требаше да се венчаат на почетокот на 2022 година, но церемонијата беше откажана поради пандемијата на коронавирус и ограничувањата наметнати од Ардерн во Нов Зеланд.

реклама

Свадбата се одржа во заливот Хок, во винаријата Креги Ренџ на источниот брег на северниот остров во Нов Зеланд, на околу 310 километри северно од главниот град Велингтон, изјави портпаролот на Ардерн за Си-Ен-Ен.

Официјалните фотографии ја прикажуваат насмеаната Ардерн во бел фустан, додека Гејфорд носеше црн костум. Тие се венчаа пред околу 50 до 75 гости, објави сајтот Stuff news.

реклама