Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ доживува нов круг на пекол и драма во Австралија во пресрет на конечната одлука на министерот за имиграција Алекс Хок, кој може да го депортира од земјата и покрај одлуката на судот во Викторија, кој ја поништи владината одлука да му ја одземе визата на Новак и на светскиот првак му овозможи да игра на Австралија опен.
По изрекувањето на пресудата, судот објави голем број документи, меѓу кои и ПЦР тестот на Новак Ѓоковиќ, кој на 16 декември по 20 часот добил позитивен резултат.
Како што објасни самиот Новак во својата изјава, не знаел за резултатите до наредниот ден, кога им ги врачил наградите на најдобрите млади тенисери од Тенискиот сојуз на Србија, а потврда добил дури по тој настан, а пред тоа тестот бил негативен.
Ѓоковиќ откри и дека откако дознал за позитивниот тест, ги откажал сите учества, освен интервјуто за Л’EКип, бидејќи не сакал да го изневери новинарот, но и дека цело време носел маска и држел мерка социјално дистанцирање..
Да потсетиме, повод за интервјуто е фактот што познатиот француски весник Новак го избра за спортист на годината 2021 година. Зборовите на Новак ги потврди и новинарот кој го направи интервјуто, кој рече дека Новак бил без маска на снимањето со трофејот, но дека одбил да ја симне маската за да се направат неколку фотографии за време на интервјуто.