Се воведува европски СОС за лекови, што значи дека доколку на една земја од ЕУ ѝ недостасува лек, а го има во друга, залихите ќе бидат веднаш испратени, пишува Јутарњи лист.
Пандемијата на корона ја соочи Европа со низа проблеми кои произлегуваат од фактот дека „старата дама“ со децении работеше напорно за да ја уништи сопствената фармацевтска индустрија, потпирајќи се, особено кога станува збор за суровините, на Азија. Колку тоа беше кратковидно покажа сè почестиот недостиг на лекови во земјите на ЕУ, дури и на основни како антибиотици.
Со цел да се намалат штетите и да се обезбеди снабдување и да се избегне недостиг, Европската комисија неодамна усвои низа мерки, па така на пример ХЕРА (комисија за подготвеност и одговор на здравствени кризи) и ЕМА (Европска агенција за лекови) утврдија кои се клучните антибиотици за за кои ризикот од недостиг се предвидува на почетокот на зимата.
Во последната комуникација, од крајот на минатиот месец, се прецизирани дополнителни мерки за спречување на „критичните недостиг на ниво на ЕУ“ и методи кои треба да го спречат и недостигот на снабдување во ЕУ за оние лекови чија достапност мора постојано да се гарантира.
Се очекува лансирање на Европскиот доброволен механизам за солидарност за лекови преку кој една земја-членка ќе сигнализира дека и е потребен одреден лек, а другите потоа треба да и понудат лекови од нивните залихи.
Исто така, до крајот на оваа година ќе биде креирана листа на „критични лекови“, што ќе биде прв чекор во анализата на синџирот на снабдување на одредени лекови, која ќе биде завршена до крајот на април следната година, а што ќе биде основа за новите неопходни мерки. Најавена е и регулаторна флексибилност на земјите-членки кои ќе можат да применуваат исклучоци за пациентите да можат навремено да добијат лек. Ќе биде можно, на пример, да се продолжи рокот на траење или побрзо да се одобрат алтернативните лекови.
Новите насоки на ЕУ за јавните набавки треба да бидат објавени најдоцна до почетокот на 2024 година и тие треба да ја зајакнат безбедноста на снабдувањето. Заедничката набавка на антибиотици и лекови против респираторни вируси ќе започне следната зима, пишува Јутарњи лист.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.