Антиалбанските извици на дел од македонските навивачи не можат да засенат историски момент како што е победата над Италија, изјави во емисијата „200“, првиот човек на ФФМ, Мухамед Сејдини, подвлекувајќи дека станува збор за хулигани. Според него, фудбалот обединува, а за тоа сведочи учеството и поддршката на репрезентацијата на многу навивачи од сите националности во Порто, Португалија.
„Секако дека ги осудуваме сите оние кои имаа националистички повици, тие се неколку хулигани, но тоа не значи дека ќе го засенат глобалното, бидејќи тоа многу добро се гледа во коментарите на сите граѓани, без разлика дали тие се Македонци или Албанци или од која било друга националност. Мислам дека фудбалот обединува, фудбалот е најсветлиот дел или најсветлиот точка во моментов во Македонија. Го гледам овде во Порто, каде има навивачи, Македонци и Албанци, има навивачи од сите националности кои живеат во Македонија, ова ме прави многу горд и многу сум среќен поради тоа“, изјави Сејдини. /Алсат.мк