Лацио оствари убедлива победа над Фиорентина од 3-0 со што се израмни на прволигашката табела со градскиот ривал Рома.
Овие три бода освоени на „Артемио Франки“ дефинитивно ќе ја кренат самодовербата на играчите на Лацио и за тоа е свесен Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој ја најави вечерашната победа.
-Тоа е важна победа, бидејќи ова е тешко место за играње, а Фиорентина е многу добар тим. Постигнавме три гола и донесовме три важни бода. Го подготвивме овој пристап бидејќи видовме дека Фиорентина често почнува силно на домашен терен во почетните минути. Добро ги контролиравме, тие паднаа по паузата и го засиливме притисокот.Позитивно е што ја сочувавме мрежата, тоа му помага на Стракоша. Сите работат напорно за да помогнат во одбраната и се гледа разликата, -рече Сергеј кој даде коментар и за протестите на дел од навивачите на Лацио кои не се задоволни од работата на претседателот Лотито и неговата десна рака Игли Таре.
-Ние си ја вршиме нашата работа. Мислам дека тоа што се случи беше помеѓу навивачите и клубот. Навивачите немаат проблем со нас, тие се тука да ги поддржуваат играчите. Тоа е помеѓу навивачите и клубот, -порача популарниот СМС.