Фудбалерите на Го Ахед Иглс вечерва го освоија својот прв трофеј во 122-годишната историја на клубот. Во финалето на Купот на Холандија, Иглс го победија АЗ Алкмар.

Финалето одиграно на стадионот „Де Кајп“ во Ротердам аутсајдерот победи по подоброто изведување пенали.

Пред речиси 43.000 гледачи резултатот по 90 минути беше 1:1, а двата гола беа постигнати од белата точка.

Трој Перо го доведе АЗ Алкмар во водство во 54. минута, а израмни Матс Дејл во деветтата минута од судиското надополнување.

Во продолженијата од два пати по 30 минути немаше голови, па започна пенал-рулетот каде резултатот беше 4:2 за „орлите“.

АЗ промаши два пенали, односно: Бурместер и Лахдо, додека кај новиот освојувач на трофејот прецизен беа четворицата кои шутираа.

Текстот Сензација во финалето – Го Ахед Иглс го освои холандскиот куп е превземен од МАКФАКС.