Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска официјално ќе ја отвори 60-та Минхенска безбедносна конференција, на која се очекува да учествуваат околу 50 светски лидери.
Како што јави ДПА, а пренесува МИА, главните теми на агендата на безбедносната конференција се тековните конфликти во Украина и во Појасот Газа.
Американската потпретседателка Камала Харис се очекува да се обрати на тридневната конференција на денот на отворањето. Утре се очекува да зборуваат и германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
На конференцијата ќе присуствуваат и израелскиот претседател Исак Херцог и министерот за надворешни работи Израел Кац, заедно со високи претставници од палестинската управа, Саудиска Арабија, Катар, Египет и Јордан.
Клучно прашање што се очекува да се разговара на маргините е исходот од изборите на 5 ноември во САД и што ќе се случи доколку поранешниот американски претседател Доналд Трамп биде реизбран.
Во делегацијата од конгресот на САД се повеќе од 30 претставници меѓу кои и членови на Републиканската партија на Трамп.
Руските и иранските власти не се поканети на овогодишната Минхенска безбедносна конференција