Ракометната репрезентација на Македонија ја оправда фаворитската улога кај Луксембург (23-28) и со втората победа над овој ривал во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година направи крупен чекор напред кон континенталниот собир. Нашиот национален тим имаше проблеми во играта, го разбрани и противничкиот голман, но индивидуалниот квалитет го стори своето.
Македонија го совлада Луксембург вторпат во овој циклус и треба да се случи чудо да не патува на собирот кој ќе се игра во Германија во месец јануари следната година. Последниот меч од квалификациите за ЕП 2024, Македонија го игра дома против Турција и само двоцифрен пораз ќе ја остави без нов пласман на голем собир. Прашање е и дали воопшто ќе се случи такво нешто дури и со двоцифрен пораз затоа што на ЕП патуваат и дел од најдобрите третопласирани селекции.
Голманот Марко Кизиќ имаше одличен натпревар со десет одбрани, додека кај стрелците, Филип Талески постигна осум гола, пред Мартин Серафимов и Филип Кузмановски со по четири реализации. Кај Луксембург, Лоик Кајсен имаше десет гола, пред Јан Хофман со четири гола./Gol.mk