Актуелниот австриски фудбалски шампион Ред Бул Салцбург има големи проблеми со коронавирусот. Во клубот се заразени дури 15 луѓе, меѓу кои играчи и членови на стручниот штаб. Некои немаат симптоми, некои се благи, а никој нема поголеми здравствени проблеми.
„Моравме да го откажеме денешниот тренинг. Засега сè уште сме во можност да играме, но загрижени сме за евентуалниот понатамошен раст на инфекциите. Сега мора внимателно да го следиме понатамошниот развој на незаразените играчи во соработка со нашиот медицински оддел и да одговориме на нив доколку е потребно,“ изјави спортскиот директор Кристоф Фројнд.
РБ Салцбург убедливо води во поредокот во австрискиот шампионат со 51 бод, 17 повеќе од Волфсбергер, додека Штурм е трет со 33 бода.
Осумкратниот последователен шампион на Австрија, на 8 март во Минхен, го очекува реванш мечот од 1/8 финалето на Лигата на Шампионите, против со Баерн, откако првиот меч заврши 1-1.