Кевин Де Брујн денес го игра своето последно финале во дресот на Манчестер сити. „Граѓаните“ во финалето на ФА купот за противник го имаат Кристал Палас.

Де Брујне ќе го напушти како слобиден играч, а се очекува по завршувањето на сезоната да објави каде ќе ја продолжи кариерата.

Најдобриот играч на Ливерпул, Мохамед Салах го кани Белгиецот на „Енфилд“.

Египќанецот даде интересна изјава во која јавно му оддаде почит на Кевин Де Брујн за сè што направи за Премиер лигата во изминатата деценија. Патем, тој се пошегува дека на „Енфилд“ има место за играч од негов квалитет.

„Сакам да му честитам за сè што постигна во кариерата досега. Тој заврши фантастична работа во Манчестер сити и имаше неверојатен придонес во развојот на Премиер лигата и навистина му посакувам се најдобро. И секако имаме место тука за него“, рече Мо Салах низ смеа.

Салах и Де Брујне беа соиграчи пред една деценија во Челси.

Сепак, во моментов нема навестувања дека Де Брујн би можел да оди во Ливерпул, а Наполи во моментов се споменува како најреална опција.

Де Брујне одби трансфер во Саудиска Арабија и САД бидејќи верува дека сè уште може да игра на најголемата сцена.

Текстот Салах го кани Де Брујне да дојде во Ливерпул е превземен од МАКФАКС.