САД оценија дека на Украина не ѝ е навистина потребно да има борбени авиони за да им се спротивстави на руските напади, туку оти планираат да им испратат повеќе одбранбени системи земја-воздух.
„Авиони – тоа не им а најпотребно на нашите украински партнери во овој момент“, изјави вчера портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.
„Кога го анализираме разорувањето кое Кремљ го прави во регионите од Украина, тоа е главно од ракети, проектили, артилериски оган“, оцени тој и рече дека авионите не се најдобри за елиминирање на таквите оружја.
Според него, украинската војска има повеќе авионски ескадрили способни за летање.
Тој рече дека ефикасноста на руската флота борбени авиони е ограничена од системите за противвоздушна одбрана на Украина на земја, било да се работи за големите ракети земја-воздух или за лесните преносни системи како што се Стингерите кои на Украина ѝ ги дадоа САД.