Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота.
Според соопштението на Министерството, прогласувањето на дипломатите за „персона нон грата“ е одговор на „непријателските чекори“ кои Загреб претходно ги презеде за да го намали бројот на членови на руската дипломатска мисија.
На хрватскиот амбасадор му беше врачен остар протест во руското министерство поради, како што се наведува, неоснованите обиди на хрватските власти да ја обвинат Русија за воените злосторства во Украина и за воената помош на Киев.
Хрватска протера 24 руски дипломати во април поради руската воена интервенција против Украина.