Утрото на 7 февруари Русија изврши уште еден масивен ракетен напад врз Украина. Силите за противвоздушна одбрана дејствуваа во Кијив и други градови во Украина.
Спасувачките екипи се упатуваат кон квартот Холосивски во Кијив каде што една станбена зграда се запали поради руски ракетен напад, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во објава на апликацијата за пораки Телеграм, пренесува Укринформ.
„Единица за спасување од пожари се упатува кон квартот Холосивски каде, според прелиминарните информации, една зграда се запалила“, рече тој.
Подоцна, Кличко додаде дека пожарот избувнал во станбена зграда во областа Холосивски.
Тој исто така објави дека најмалку шест лица се повредени во руски ракетен напад врз Кијив.
„Вкупно, шест лица се повредени во главниот град како резултат на непријателскиот напад. Тројца – во областа Днипровски, двајца од нив се хоспитализирани. А тројца од областа Холосивски се пренесени во болница“, рече тој.
Според Кличко, службите за итни случаи сега работат во областа Холосивски. Гаснат пожари на неколку ката од 18-катница.
Во областа Днипровски, ракетни остатоци оштетија високонапонски линии, додаде градоначалникот.
Во меѓувреме, на Икс се огласи и заменик-претседателот на Европската комисија и висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел кој се наоѓа во посета на Кијив.
Утрото го започнувам во засолништето додека се огласуваат воздушни аларми низ Кијив. Ова е секојдневната реалност на храбриот украински народ, откако Русија ја започна својата нелегална агресија, објави Борел на Икс.
Starting my morning in the shelter as air alarms are sounding across Kyiv.
This is the daily reality of the brave Ukrainian people, since Russia launched its illegal aggression. pic.twitter.com/Q7tZL5evkd
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) February 7, 2024
Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, се огласи на социјалните мрежи по руските ракетни напади врз Кијив.
714. државата-терорист рф изврши напад од големи размери со крстосувачки ракети Х-101/Х-555/Х-55 врз станбени места на Кијив.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/e7LEen7K95
— Larysa Dir (@dir_larysa) February 7, 2024
714. држава-терорист рф изврши напад од големи размери со крстосувачки ракети Х-101/Х-555/Х-55 врз станбени места на Кијив, напиша амбасадорката.
Драган Мишев