Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, денес ја претстави Неделата на хрватско-филипинско пријателство во Манила со цел зајакнување на работничките права и обезбедување работни места, објави Министерството за надворешни работи.
Тој информира дека од вкупно 136.194 издадени дозволи за престој и работа од почетокот на годината до 30 септември, 12.809 работници, или 9,4 проценти, потекнуваат од Филипини. Ова ги става на четврто место, зад граѓаните на Босна и Херцеговина, Непал и Србија, според податоците од Министерството за внатрешни работи.
„Со оглед на растечкиот број филипински работници во Хрватска, луѓето претставуваат можеби највредниот аспект на сè поблиските односи меѓу двете земји“, изјави хрватскиот министер.
Текстот Речиси 13.000 работници од Филипините пристигнаа во Хрватска оваа година е превземен од МАКФАКС.