Ракометните селекции на Холандија и Хрватска одиграа без победник 28-28 меч од групата А во главната фаза на Европското ракометно првенство 2022 во Унгарија и Словачка.
Холанѓаните одиграа подобро во првите 30 минути и на пауза заминаа со плус од 15-13. Хрватите заиграа далеку подобро во вториот дел и можат да жалат што не стигнаа до полн плен бидејќи во неколку наврати имаа плус три, а на 15 секунди до крај дојдоа до водство од 28-27 со голот на Луцин. Сепак, Стајнс успеа да стрела во последните моменти и да донесе реми.
Иван Мартиновиќ со 12 гола беше убедливо најдобриот поединец на натпреварот, додека во таборот на холандската репрезентација Лук Стајнс заврши со шест гола.