Топлотниот бран од почетокот на оваа недела кој ја погоди западна Европа добил на сила и донел температури блиску до највисоките за ова време од годината – од повеќе од 40 степени Целзиусови, наведува националната метеоролошка служба.
Шпанија денеска била до рекордните јунски температури во последните четири децении, едно подрачје во Франција забранило манифестации на отворено, а сушата ги исплашила италијанските фармери, пренесува “Reuters”.
Advertisements
„Избегнувајте прекумерно излегување на сонце, хидрирајте се и водете сметка за најзагрозените за да не паднат од топлотниот удар“, советувал шпанскиот премиер Педро Санчез.
Температурите би можеле да достигнат 40 до 42 степени Целзиусови во Мадрид и Сарагоса, во централна и источна Шпанија, што би биле вредности кои не се измерени од јуни од 1981-ва година, соопштила Националната метеоролошка агенција “AEMET”.
Се додава дека регионите во северна Италија ризикуваат да изгубат половина од своето земјоделско производство поради суша.